Пејачката се присети на својот прв голем музички идол и незаборавен момент од детството.
Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ се присети на еден од највозбудливите моменти од нејзиното детство. Кога имала 12 години, добила бакнеж во образ од својата омилена пејачка Биљана Јевтиќ, што ја направило толку среќна што седум дена не се миела.
Цеца откри дека уште како девојче ја следела Биљана и дека таа ѝ била голем музички идол уште од мали нозе. Двете се од ист крај, па Цеца имала можност да ја запознае Биљана пред да ја сними својата прва плоча.
Се сеќавам кога Биља и Аца настапуваа во Домот на културата во Житораѓа. Се приближив, таа ме бакна, а јас од среќа не го миев тој образ седум дена,“ раскажа пејачката.
Поврзани објави
Таа додаде дека имала прилика и да ја посети Биљана дома, кога таа дошла од Белград, и била воодушевена од нејзината природна убавина и љубезност.
Цеца потенцира дека, без оглед на уморот, Биљана секогаш имала време за неа.
printskrin youtube – blic – ceca r