Почетна Убавина и здравјеПсихијатриската болница – Скопје нуди поддршка за погодените од трагедијата во Кочани

Психијатриската болница – Скопје нуди поддршка за погодените од трагедијата во Кочани

од nenad
1 минути читај за



Директорот Иса Авдулаи изрази сочувство и повика граѓаните да побараат психолошка помош

Директорот на Психијатриската болница – Скопје, Иса Авдулаи, изрази сочувство до семејствата на жртвите во трагедијата во Кочани, нагласувајќи дека Клиниката за психијатрија е отворена за сите кои имаат потреба од психолошка поддршка.

Со длабока тага ја примивме веста за загубата на вашите најблиски и бројните повредени во оваа трагична случка. Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со вас. Ви изразуваме најискрено сочувство и ја споделуваме вашата болка. За сите кои чувствуваат потреба од психолошка поддршка, Психијатриската болница е отворена и подготвена да ја понуди неопходната помош“, се вели во неговата објава на Фејсбук.


Поврзани објави

Авдулаи ги охрабри сите засегнати да побараат стручна помош за полесно надминување на овој тежок период.

Според официјалните податоци, во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 59 лица, а 155 се повредени.

Фото: принтскрин – социјални мрежи и Јутјуб