Во текот на денот ќе бидат објавени телефонски броеви за граѓаните кои имаат потреба од помош
Црвениот крст на Македонија ќе обезбеди психолошка поддршка за оние кои имаат потреба поради трагедијата во Кочани, каде што во пожарот во дискотеката „Пулс“ загинаа 51 лице, а 118 се хоспитализирани.
Од организацијата апелираат граѓаните да ги следат нивните социјални мрежи, каде што во текот на денот ќе бидат објавени телефонски броеви на кои ќе можат да побараат помош од стручни лица.
Поврзани објави
Црвениот крст потсетува дека во вакви моменти е важно погодените лица да добијат соодветна психолошка поддршка и да не се соочуваат сами со последиците од трагедијата.
Фото: принтскрин – социјални мрежи и Јутјуб