Воведувањето на „Сејф сити“ и контролата на неплатените сообраќајни казни отвораат нови дилеми кај возачите кои патуваат од Македонија кон Србија.
Во јавноста се појавуваат информации дека дел од возачите со неплатени казни го користат преминот Пелинце – Прохор Пчински наместо Табановце, со надеж дека ќе избегнат подолго задржување и регулирање на обврските.
На Табановце во изминатиот период беа регистрирани случаи на проверки поврзани со неплатени сообраќајни прекршоци, особено кај возила со странски регистарски таблички.
Пелинце – Прохор Пчински е вториот патен премин меѓу Македонија и Србија, но засега нема официјална потврда дека казните се причина за значително пренасочување на сообраќајот.
Со функционирањето на „Сејф сити“, контролата и санкционирањето на прекршоците е дигитализирано, а странските возачи при излез од земјата можат да се соочат со обврска за регулирање на неплатените казни.