Поранешната сопруга на Џенан Лончаревиќ со загаточна објава
Самира Лончаревиќ, поранешната сопруга на пејачот Џенан Лончаревиќ, ги заинтригира своите следбеници на социјалните мрежи со објава полна со симболика. Таа сподели цитат во кој љубовта и животот ги споредува со планинарење, нагласувајќи дека вистинската среќа е во тоа да имаш некого кој ќе оди покрај тебе без разлика на препреките. Оваа порака предизвика многу реакции, а многумина се запрашаа кому всушност му е посветена.
Покрај мистериозните пораки, Самира неодамна во интервју откри шокантни детали за нивниот развод.
Таа го обвини Џенан дека со години имал љубовница со која има дете. Таа нагласи дека единствено бара правдата да биде спроведена според законот, но и дека неговиот правен тим прави сè за да го забрза процесот во негова корист.
Поврзани објави
Според Самира, најголемиот проблем во нивниот развод е поделбата на имотот.
Таа тврди дека Џенан сите недвижности ги запишувал на име на неговата мајка, а новиот стан во Белград го ставил на име на друга жена за таа да не може да добие ништо. Овие изјави дополнително ја продлабочија јавната расправа околу нивниот бурен развод, оставајќи простор за многу прашања околу вистинската позадина на целата ситуација.
printskrin Youtube-Dzenan Loncarevic