Нејзината објава предизвика бурни реакции, а многумина ја изразија својата поддршка за неа…
Данијела Дмитровиќ, тетката на познатата пејачка Јелена Карлеуша, вчера била нападната од таксист во Белград. Данијела, која е сестра на покојната Дивна Карлеуша, на својот Фејсбук профил ја сподели вознемирувачката случка, опишувајќи како таксистот се обидел да ѝ ги отвори вратите од автомобилот и агресивно удирал по возилото додека ја навредувал. Благодарение на брзата реакција на обезбедувањето од клиниката каде што работи, таа избегнала потешки последици.
Револтирана од инцидентот, Дмитровиќ жестоко реагираше на социјалните мрежи, обвинувајќи за порастот на насилството на улиците. Таа посочи дека повикала такси-компанија, но од таму не добила никаква помош, а полицијата ѝ сугерирала лично да дојде и да даде изјава.
Нејзината објава предизвика бурни реакции, а многумина ја изразија својата поддршка за неа.
Поврзани објави
Јелена Карлеуша многупати во медиумите истакнала колку е блиска со својата тетка, нарекувајќи ја свој најголем пријател и поддршка. Данијела има важна улога во нејзиниот живот, помагајќи ѝ уште од детството, а сега ја пренесува истата грижа и љубов на ќерките на Јелена.
Овој инцидент доаѓа само неколку дена откако и сопругата на водителот Огњен Амиџиќ, Мина Наумовиќ, исто така беше жртва на сличен напад во Белград.
printskrin Youtube-Informer