Иако данската кралска фамилија ретко е во фокусот на вниманието како британската, секогаш кога нивните принцези се појавуваат во јавност, погледите се залепени за нив.
Поводот овој пат беше 85-от роденден на кралицата Маргрете II, а вистинската ѕвезда на настанот стана нејзината внука – прекрасната принцеза Изабела. Иако наскоро полни само 18 години, таа со своето појавување во Кралскиот театар во Копенхаген буквално ги засени сите – па дури и модните икони како Кејт Мидлтон и кралицата Летисија!
Принцезата блесна во креација на данскиот дизајнер Јеспер Ховринг – раскошна тамносино-светкава балска тоалета со совршено нагласен струк, сатен, тантела, бисери и блескав брош.
Долниот дел од фустанот е со реси што сјаат при секој чекор, додека горниот дел е богато украсен со детали што ја прават оваа комбинација навистина кралска.
Поврзани објави
Со елегантно собрана коса во ниска пунџа и минимален, но ефектен накит, Изабела изгледаше како вистинска дама – стилска, самоуверена и природна. Без сомнение, модниот трон ѝ припаѓа!
Фото и видео: Инстаграм