116
Во тек се изведуваат градежни активности за уредување на пристапен пат до земјоделско обработливо земјиште во село Мамутчево со должина од 750 метри. Оваа иницијатива е во соработка со Центарот за развој на Вардарски плански регион, додека средствата се обезбедени преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Ова инвестирање во руралните средини има за цел да придонесе за рамномерен развој на општината, како и за земјоделството како важна стопанска гранка. Равојот на руралните средини е неопходен за развој на општината, зашто истите се сметаат за главен драйвер на икономскиот раст на земјата.