Почетна ЕкономијаПриведен скопјанец, во неговото возило пронајдени девет лица од Сирија  

Приведен скопјанец, во неговото возило пронајдени девет лица од Сирија  

од nenad
0 минути читај за

06/11/2023
ВЕСТИ, ЛОКАЛНО


Полицијата денеска попладне околу 17 часот на автопатот Гевгелија – Демир Капија го лишила од слобода Р. А. (50) од Скопје.

Лицето било забележано како во товарно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки превезува мигранти.

Како што соопшти МВР, возилото било запрено и во него биле пронајдени девет лица мигранти од Сирија. Р. А.

бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. мд/лв/Фото: МИА архива  .

Извор: МИА