Почетна ТехнологијаПРЕТСЕДАТЕЛОТ АФРИМ ГАШИ СЕ СРЕТНА СО ДАНИЕЛ БРАУН, ПРЕТСТАВНИК НА „КОНРАД АДЕНАУЕР“ ВО ЗЕМЈАВА

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ АФРИМ ГАШИ СЕ СРЕТНА СО ДАНИЕЛ БРАУН, ПРЕТСТАВНИК НА „КОНРАД АДЕНАУЕР“ ВО ЗЕМЈАВА

од nenad
1 минути читај за




Претседателот Африм Гаши и Даниел Браун, официјален претставник на Фондацијата „Конрад Аденауер“ во Скопје разменија мислења за политичките процеси во земјава и во регионот и за чекорите во однос на евроинтеграцијата, на денешната средба во Собранието на Република Северна Македонија.На средбата присуствуваше и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска.Заблагодарувајќи се за досегашното учество и придонес на Фондацијата „Конрад Аденауер“ во зајакнувањето на демократските процеси во нашето општество, претседателот Гаши изрази интерес за продлабочување на соработката и со конкретни проекти во законодавниот дом.

   

 

 

Соговорниците разговараа и за можните чекори за зајакнување на транспарентноста на Собранието и за неговата отвореност кoн граѓаните. Се осврнаа и на можностите за засилување на улогата на законодавната власт во процесите што водат кон полноправно членство на земјата во Европската Унија. На средбата се разговараше и за соработката на Собранието на Република Северна Македонија со германскиот Бундестаг.