109
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска по повод државниот празник Илинден во свое лично име и во име на Судот упатува честитки до сите граѓани.
Нека овој празник остане пример за силната волја и истрајност во формирањето на слободна и демократска држава со принципот на владеење на правото како единствена визија на сите чинители во општеството.Во чест на големиот празник претседателката Кацарска денеска положи свежо цвеќе пред споменикот на слободата „Сила, слава и победа” на тврдината Кале во Скопје.