Почетна ПопуларноКина сака да го ограничи пристапот до интернет на децата на телефоните на два часа дневно

Кина сака да го ограничи пристапот до интернет на децата на телефоните на два часа дневно

од nenad
0 минути читај за
t

Кинеската управа за кибер-простор (CAC) денеска соопшти дека децата под 18-годишна возраст треба да бидат ограничени да поминуваат не повеќе од два часа дневно на нивните смарт-телефони. Тоа предизвика пад на акциите на технолошките компании, јавија западни медиуми.
CAC соопшти дека сака провајдерите на смарт-телефони да воведат таканаречени мали програми со кои на корисниците под 18 години ќе им се забрани пристап на интернет преку мобилни уреди од 22 часот до 6 часот наутро.
Провајдерите, исто така, ќе мора да постават временски ограничувања според предложените реформи, наведоа од САС.

.