Почетна ЕкономијаПретприемачките од Македонија присуствуваа на Форбс 30/50 самитот во Абу Даби.

Претприемачките од Македонија присуствуваа на Форбс 30/50 самитот во Абу Даби.

од nenad
1 минути читај за

Михаела Ѓорчева и Моника Илиева се македонски претприемачки кои учествуваа на самитот на Форбс 30/50, одржан во Абу Даби од 7 до 10 март по повод Меѓународниот ден на жената.

Во рамки на самитот, нашите претприемачки имале можност за средба со главниот и одговорен уредник на Форбс и основач на Forbes Under 30 листата, Рандал Лејн.

Ѓорчева е дел од листата на Forbes Under 30-2022, на која се избрани најуспешните млади претприемачи во Европа. Таа е основач на македонскиот ланец на кина „Киноверзум“ и член на Управниот одбор на Меѓународниот Славјански Универзитет.

Илиева, пак, е соосновач на продуцентската и издавачка куќа Cafe De Anatollia, а од лани е член на Forbes Business Council, организација на најуспешни претприемачи и бизнис лидери од целиот свет.

– Преку учествувањето на овој самит стекнавме увид во најновите трендови и технологии, како и искуства и совети од други успешни жени бизнис лидери од светот. Фокусот на менторството и соработката на самитот ни помогна да развиеме нови односи и вештини кои ќе ни бидат корисни во нашиот понатамошен деловен и личен живот. Самитот за нас беше важно и трансформативно искуство, како членови на Forbes заедницата, изјави Ѓорчева за МИА.

Таа исто така имаше менторска сесија со Мика Брезинск,- претседател на Форбс 30/50 самитот, основач на „Know your value“ и водителка на американската утринска емисија Morning Joe.

Главниот фокус на настанот, како што посочи Ѓорчева, беше менторството. На самитот учествувале светски лидери од политиката, бизнисот и невладиниот сектор. Меѓу нив биле и поранешната државна секретарка на Соединетите Американски Држави, Хилари Клинтон, првата дама на Украина, Олена Зеленска, принцезата Ламија Бинт Мајед Сауд Ал Сауд од Саудиска Арабија, актерката и добитничка на Еми награда Кетрин О’Хара, новинарката и активистка Глорија Стајнем и многу други познати жени од светот. ад/бак/