Министерството за внатрешни работи ги отфрла обвинувањата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, кој денеска на прес-конференција говореше за поврзаност меѓу директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски и лицето Самед Мисини од Ласкарци, кој, како што рече Стоилковски, во јули 2022 година испукува најмалку една цела рамка од огнено оружје во присуство на Тасевски. Вистината, која јасно се докажува низ бројки, е дека во поглед на вкупниот криминалитет имаме намалување за 31.55 отсто во првите два месеца од 2023 година, споредбено со првите два месеца од 2022 година, што секако е резултат на доброто и ефикасно работење на полицијата. Министерството реагира дека обвинувањето за наводна блискост на раководни лица во полицијата со лице кое извршило кривично дело е класична лага и дека против лицето С.М. се поднесени две кривични пријави, приведуван е во полициска станица, а вршени се и претреси на дом, што директно покажува дека обвинувањето не е вистинито. Стоилковски праша дали е нормално директор на БЈБ да биде во блиски пријателски семејни врски со човек којшто пука, тепа и насилно попречува изборен процес и колку пати Мисини бил гостин во полицијата во кабинетот на Тасевски.
Tasevski and Misini are not on good terms.
80