Почетна СветПремиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, и премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер во Тирана потпиша договор за стратешко партнерство меѓу двете земји

Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, и премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер во Тирана потпиша договор за стратешко партнерство меѓу двете земји

од nenad
1 минути читај за

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, и премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер, денеска во Тирана излегоа со заедничка изјава по повод потпишувањето на меѓувладин договор за стратешко партнерство меѓу двете земји.

„Имаме цврсти односи меѓу нашите две земји. Фактот што успеавме да го потпишеме овој договор е од голема важност и покажува дека ќе можеме заеднички да решаваме многу прашања. Ова е одлична можност и се радувам на средбата и договорот“, изјави премиерот Стармер.

Од своја страна, македонскиот премиер Мицкоски истакна дека е возбуден од перспективата за зајакната соработка меѓу двете држави.

„Со овој меѓувладин договор сигурен сум дека ќе изградиме уште подлабока билатерална соработка и ќе ги зацврстиме нашите врски. Тоа ќе придонесе не само за споделување на искуства, туку и за унапредување на нашите односи во поширокиот европски контекст. Сметам дека Западен Балкан е инспиративен регион и му посакувам топло добредојде на Обединетото Кралство во неговата засилена улога тука“, рече Мицкоски.


Post Views: 59

Извор : vesnik-ilinden.com

Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, и премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер во Тирана потпиша договор за стратешко партнерство меѓу двете земји