Почетна СветМакедонија: МВР официјално потврди 51 лице загинаа во пожарот во Кочани и над 100 се повредени

Македонија: МВР официјално потврди 51 лице загинаа во пожарот во Кочани и над 100 се повредени

од nenad
1 минути читај за

Искри од пиротехника што се употребувале за светлосен ефект се причина за трагедијата во Кочани, потврди министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој официјално потврди дека до сега има 51 загинато лице и над 100 повредени.

Тошковски рече дека веќе се приведени неколку лица, организатори на концертот и дека се рабори на утврдување на одговорноста и на други лица.

За тоа дали дискотеката имала дозвола, кој ја издал дозволата и кој воопшто потпишал да има дискотека во ваков трошен објект, Тошковски рече дека сите детали дополнително ќе се утврдат. „Во координација сме со ЈО и јавноста многу добро знае во каква состојба беше дискотеката“, рече Тошковски.

 

Извор : vesnik-ilinden.com

Македонија: МВР официјално потврди 51 лице загинаа во пожарот во Кочани и над 100 се повредени