Почетна Економија„Премиере каде беше кога бевме под вода?!“

„Премиере каде беше кога бевме под вода?!“

од nenad
1 минути читај за

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за земјоделие, Љупчо Николовски денеска присуствуваа на отворање на пазар во Делчево.

Надвор од официјалниот дел и двајцата шетаа низ тезгите и купија овошје и зеленчук, исто како со Бектеши кога пазареа низ маркети во Скопје додека беа замрзнати цените на основните продукти.

По обиколката одбија да дадат изјави за новинарите, бидејќи било нехумано да стојат и зборуваат на жештината.

Ова не е првпат Ковачевски да има лош однос со медиумите. Речиси на секое јавно обраќање наместо конкретно да одговара на прашањата, им поставува контра-прашања на новинарите и прашува од кои медиуми доаѓаат на настанот.