Популарната пејачка првпат се омажила многу млада.Во интервјуто за српски Телеграф, Емина Јаховиќ изјави дека тогаш била дете, а бракот ѝ останал убав спомен.Тоа беше детска врска, љубовна врска, која ја официјализиравме. Бевме деца… Јас имав 17, тој 20. Нашиот брак веројатно денес би се нарекол врска. Но, бидејќи живеев во Нови Пазар, се омажив. Тоа е прекрасно сеќавање од детството, како некоја прва љубов, што се случува и едноставно се заборава – објасни Емина за Телеграф.Пејачката се омажила кога имала 17 години со Аладин Џуловиќ, нејзин сограѓанин од Нови Пазар. Заради него, Емина избегала од дома, а на венчавката носела венчаница и имала кратка коса.Не бев ни полнолетна, убаво беше и имав убава венчаница и прекратка фризура од сантиметар и половина. Убави се тие работи кога ќе ви се случат во младоста, а кога ќе се омажите повозрасни, тоа е малку посериозна ситуација, изјави во една пригода Емина.Инаку, Аладин инаку е бизнисмен кој сега има сопруга и е во среќен брак. Тој никогаш јавно не го коментирал бракот со Емина, за разлика од својот татко.Семејството на Емина го познавам долго време, со нејзината мајка Сенија идевме во исто основно училиште, во исто одделение. Бракот помеѓу неа и мојот син не беше договорен, многу се сакаа. На почетокот, не бев за тој брак, бидејќи беа премлади, но потоа го прифатив. Таа одеше во школо кога се омажи со мојот син. Беше тоа голема свадба во Нови Пазар, која беше снимена и со камера, скоро целиот град беше на веселбата, изјави во една пригода поранешниот свекор на пејачката.
Првпат го гледате! Ова е човекот со кого се омажила Емина Јаховиќ кога имала 17 години
78
претходен текст