Ноквази Нтомбела (33) предизвика бурни реакции на интернет откако јавно призна дека забременила по прељубата.
Во шокантно видео објавено на Тикток и Јутјуб, таа откри дека имала сексуален однос со странец додека била во брак. Станува збор за авантура за една ноќ, за време на викенд-посетата на пријателката.
Таму, за време на едно излегување, запознала мистериозен маж и имале интимен контакт. Иако мислела дека сето тоа брзо ќе биде заборавено, подоцна дознала дека е бремена.
Не знаејќи кој е биолошкиот татко, таа му ја раскажала целата приказна на својот сопруг. За чудо, мажот одлучил да остане покрај неа, иако бил длабоко повреден. Заедно разговарале за ситуацијата, а таа верува дека тој ѝ простил. Сега се обидуваат да го надминат скандалот и да продолжат понатаму.
Нивната приказна предизвика илјадници реакции на Тикток. Еден корисник напиша:
Ова е невидено!“, а друг додаде: „Ова е подобро од теленовела!“
Имаше и скептични коментари:
Поврзани објави
Искрено, мислам дека тој не ѝ простил, само чека да види дали бебето е негово.“
Друг коментар гласеше:
Не ми изгледа како да е завршена таа приказна.“
Еден следбеник остро заклучи:
Ако навистина ѝ простил, тогаш не е при себе.“
Фото: Pexels