Брена синоќа пееше на приватна прослава во Белград, заедно со својот колега, Здравко Чолиќ.
Пејачката Лепа Брена доживеа незгода на 9 декември, за време на нејзиниот трет концерт во Загреб, кога еден член на тимот падна врз неа. Во таа прилика таа се здобила со скршеница на зглобот на глуждот, поради што и била итна операција.
Два дена по операцијата Брена била пуштена на домашно лекување, а нејзиниот долгогодишен член на бендот и пријател Зоран Кики Чаушевиќ со џип ја возел од Загреб до нејзиниот дом во Белград. Откако пристигнала во семејниот дом, пејачката се огласила на мрежите и открила дека се чувствува добро и дека членовите на нејзиното семејство добро се грижат за неа.
Брена синоќа за прв пат се појави во јавноста откако го скрши зглобот. Имено, таа пеела на приватна прослава во Белград, заедно со Здравко Чолиќ.
Поврзани објави
Таа на сцената се појавиla во син фустан со светки, а дека не се опоравила целосно, говори и тоа што цело време додека пеела седела на столче, а оперираната нога ја кренала на картонска кутија.
Фото: printskrin Youtube/Lepa Brena
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: