Почетна Убавина и здравјеПрвиот симптом го игнорирала! – Убавина и здравје

Првиот симптом го игнорирала! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Многу млада ги игнорирала симптомите на рак, па поминала низ тешка битка

Јелена открила дека има рак, но пред тоа ги игнорирала симптомите, а сега јавно зборува за тоа, бидејќи не сака и други луѓе да ги повторат нејзините грешки.

„Здраво се хранев и никогаш не помислив дека би можела да се разболам од рак во толку ран период од животот“, изјавила таа за The Patient Story.

Таа била страсна тркачка и јадела многу зеленчук. Токму тој факт го имала на ум кога на своето тело забележала промена, која дури подоцна се покажала како еден од симптомите на рак. Имено, забележала дека гасовите што ги испуштала почнале да мирисаат посилно и понепријатно од вообичаено, но наместо да оди на лекар, почнала да зема пробиотици за да си ја подобри цревната флора.

Мирисот не се подобрил, но Јелена не се загрижила многу сѐ додека забележала крв во столицата. Неколку месеци подоцна, за време на годишниот преглед, му кажала на својот лекар за крвта. Докторите најпрво се посомневале дека причината за проблемот е нејзината исхрана, а три месеца подоцна почнале да прават анализи за да проверат дали одредена храна ја нарушува работата на нејзиниот дигестивен систем.

Тестовите довеле до колоноскопија, при која, за жал, се открило дека Јелена имала рак на ректумот во трет стадиум. Потоа, започнало лекувањето што вклучувало 28 дена зрачење и орална хемотерапија, по што следела операција за отстранување на туморот. За време на операцијата ѝ биле отстранети 30 сантиметри од дебелото црево и 17 лимфни јазли, од кои 5 биле заразени со рак.

Потоа, Јелена поминала низ илеостомија – зафат при кој на стомакот се прави мал отвор, низ кој се вади дел од тенкото црево за да се создаде стома. По завршениот циклус на хемотерапија, илеостомата ѝ била отстранета.


Поврзани објави

За среќа, Јелана, која немала семејна историја на рак, сега е во ремисија, но и понатаму поминува низ терапија за одржување и прави годишни прегледи.

„Најпрво секои три месеца одев на ЦТ прегледи и проверка на крвните маркери, за да бидам сигурна дека крвните вредности се враќаат во нормала. Со текот на времето, тој период се продолжи на секои шест месеца, а сега одам само еднаш годишно на крвни анализи и консултации со онколог.“

Јелена им се заблагодарила на корисниците на социјалните мрежи кои ѝ помогнале додека поминувала низ тешкиот период.

„Се поврзав со многу луѓе кои завршиле со лекувањето или минуваа низ него истиот период како мене. Тоа ми беше огромна поддршка и ми помогна да сфатам дека не сум единствената млада жена која поминува низ ова.“

Таа ја споделува својата приказна и новостите за нејзиното здравје за да ги охрабри другите да ги игнорираат потенцијалните симптоми на оваа опасна болест.

ФОТО: Принтскрин Инстаграм @colorado.jelena