Почетна Убавина и здравјеВалканите филтри од климата може да бидат опасни по здравјето – Убавина и здравје

Валканите филтри од климата може да бидат опасни по здравјето – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Тешко се поднесуваат летните месеци без овие разладувачки уреду, но многумина не се свесни дека вдишуваат воздух од апарат, кој честопати е легло на бактерии, мувла и габички

Многу домаќинства и компании имаат клима-уреди, кои најмногу се користат во жешките летни денови. Но повеќето луѓе честопати забораваат дека нередовното чистење на овие уреди не само што го влошува квалитетот на воздухот и непријатните мириси во домот, туку и придонесува за размножување бактерии, мувла и габички. Поради тоа, често се појавуваат проблеми со дишните патишта и главоболка, а лошо одржуваните клима-уреди може да предизвикаат и промени на кожата.

И други валкани честички, како и сувиот воздух, може да предизвикаат нарушувања со дишните патишта, особено кај луѓето кои се склони на алергии.

Опасна бактерија

Ако не го чистите и не го одржувате климатизерот редовно, може да се појави бактерија која предизвикува легионерска болест – тешко воспаление на белите дробови, кои може да биде и смртоносно. Под зголемен ризик се луѓето со слаб имунитет, со хронична болест, пушачите и алкохоличарите. Се пренесува со вдишување ситни капки од клима-уредот. Симптомите се висока температура (над 40 степени), студ, сува или продуктивна кашлица, болка во градите, главоболка, млитавост и дијареја. Се лекува со јаки антибиотици.

Голема разлика


Поврзани објави

Големите температурни разлики и ненадејните промени во температурата може да доведат до колапс на крвниот систем. Дваесет минути до половина час пред да излезете од климатизиран простор, исклучете го клима-уредот за да може организмот полесно да се приспособи.

Разликата помеѓу температурата во климатизираниот простор и надворешната температура би требало да биде помеѓу шест и осум степени. Сè повеќе од тоа доведува до нагло ширење на крвните садови и претставува голем стрес за организмот, кој може да резултира и со срцев удар.

Годишниот сервис е задолжителен

Поради наслагите прашина и чадот од цигари во станот може да се појави и непријатен мирис додека работи клима-уредот. Може да се купат специјални средства во вид на спреј, со кои се чисти уредот од бактерии и габички, а истовремено и се дезинфицира. Тие средства треба да се користат внимателно и строго според упатствата, бидејќи само така ќе бидат ефикасни. Внатрешниот дел на уредот има филтри, кои треба да се променат или исчистат како што е наведено во упатството.

Одржувањето се однесува и на внатрешната единица на уредот, но тука веќе потребна е стручност. Само мајстор може да ја провери состојбата на гасот, компресорот или вентилаторот. Вашата интервенција нека остане во доменот на надворешната кутија и проверка на одводното црево, кое може да се затне или превитка, па може кондензираната вода да не истече. Повеќето произведувачи препорачуваат да го чистите клима-уредот еднаш годишно.