Познатиот водител и актер е воодушевен од познатата норвешка плажа Соластранден, која е позната по сурфањето, но и по својата историска важност.
Водителот и актер Милан Калиниќ неодамна ја изненади јавноста – по 18 години брак се разведе со сопругата Сандра. Овој пар, кој важеше за еден од најхармоничните на јавната сцена, со години успеа да ја чува својата приватност подалеку од медиумското внимание. Затоа веста за нивниот развод изненади многумина, особено што изгледаа цврсти во љубовта и заедништвото.
Сепак, бидејќи Милан отсекогаш бил дискретен, тој не зборуваше премногу за причините за раскинувањето, туку на Инстаграм сподели моменти од неговата нова животна фаза.
По разводот, Калиниќ одлучил барем привремено да ја напушти Србија и да побара мир на плажата во Норвешка. На својот инстаграм-профил тој сподели видео од песочната плажа на кое може да се види како ужива во погледот на морето. Неговите следбеници беа изненадени, но и воодушевени од сцените од Норвешка.
Поврзани објави
Северно Море, а плажата е како на Малдиви“ – вели Милан, преправајќи се дека е продавач на освежителни пијалаци: „газирани сокови, пиво, крофни“. И тогаш почна да го карикира норвешкиот јазик.
Веднаш се огласи и Андрија Милошевиќ, кој под видеото објави краток коментар: „Ада Норвежанката“.
Видео: Инстаграм