Почетна Убавина и здравјеПо бурниот љубовен живот, мирот го пронашла покрај НЕГО! – Убавина и здравје

По бурниот љубовен живот, мирот го пронашла покрај НЕГО! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Дилета Леота се омажила за славниот фудбалер и приредила волшебна венчавка како од бајките

Дилета Леота и Лорис Кариус се венчале на италијански остров во интимна и волшебна атмосфера.

Една од најпознатите водителки и новинарки на светот, убавата Италијанка Дилета Леота, се омажила за својот партнер, германскиот фудбалер Лорис Кариус, со кого минатата година ја добила ќерката Арија.

Пред Кариус, Леота ја поврзувале со бројни познати мажи, меѓу кои бил и познатиот турски актер Џан Јаман.

Поранешните љубовници своевремено биле уловени како си разменуваат нежности на јахта во бодрумскиот залив, а колку што е познато, тие уживале во романсата само неколку месеци.

За тоа време, Дилета ги спакувала куферите и отпатувала во Турција за да го запознае семејството и пријателите на својот избраник, а турскиот актер, наводно, пред тоа го посетил нејзиниот роден град Катанија за да ги запозане нејзините родители.

Инаку, нивната романса започнала набрзо откако Џан пристигнал во Италија поради снимањето на ТВ-серијата „Сандокан“, а се споиле преку социјалните мрежи.

Да се потсетиме, кон крајот на 2000. водителката се нашла во центарот на медиумските скандали по шпекулациите дека новогодишната ноќ ја поминала со женетиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ. Тогаш тие снимале реклама за фитнес-компанија, а набрзо потоа, јахтата на фудбалерот била забележана пред Сен Тропе, каде што престојувала и Дилета.

Меѓутоа, таа сите афери ги оставила зад себе во моментот кога објавила дека чека дете со поранешниот голман на Ливерпул, Лорис Кариус. Емотивниот момент го споделила со своите следбеници на Инстаграм со пораката:

„Мораме да ви кажеме нешто… Но можеби веќе го знаевте тоа? Ќе експлодираме од среќа! Јас и мојот стомак. Наскоро ќе бидеме тројца“, напишала Италијанката.

Поврзани објави

Новинарката и фудбалерот се венчале на италијанскиот остров Липари покрај Сицилија, а амбиентот со еден збор бил бајковит.

По церемонијата, приредиле забава со прекрасен поглед на море и природа. На свадбата пеела пријателката на Дилета, Елоди, а како гости присуствувале бројни познати личности, меѓу кои и Кјара Ферањи.

Имале 160 гости, а интересно е што токму на денот на венчавката, младоженецот наполнил 31 година.

Вистинско модно уживање била венчаницата на Дилета Леота. Прекрасната Италијанка одбрала романтична и гламурозна креација за овој посебен ден, во макси-варијанта и со богат шлеп.

Однапред фустанот бил целосно затворен и имал долги ракави, а бил прекриен со парчиња од тантела преку целиот предел на градите и рацете, додека одзади бил со гол грб, што придонело целосниот шик впечаток.

Посебен детаљ била извезената реченица All I ever wanted (Сè што некогаш сум посакувала) на шлепот на венчаницата. Дискретно и прекрасно, а истата реченица Дилета ја напишала и во описот на фотографијата од венчавката.

Познатата водителка доживеала огромен блам: Направила скандал со Ибрахимовиќ, а сега чека бебе со човек кого сите го исмејуваат!