Ги почитува сите обичаи
Ана Ивановиќ традиционално го слави и католичкиот и православниот Божиќ
Ана Ивановиќ во својот дом го обележува и католичкиот и православниот Божиќ, па ги започнала подготовките за 25. декември, а празникот ќе го слави со синовите и сопругот Бастијан Швајнштагер.
Ана и Бастијан се трудат да ги почитуваат сите обичаи за празниците, а овој пат, Ана покажала како се приготвува традиционалниот германски специјалитет – сладок леб, кој се служи во Германија на Бадниковата вечер.
„Малку божиќно готвење. Веќе ја чувствувам божиќната магија“, напишала убавата тенисерка на Инстаграм, радувајќи им се на претстојните празници.
Поврзани објави
Исто така, во нивното семејство се приготвувале и традиционални божиќни колачи, во што учествувале и најмалите членови. Бастијан и Ана го слават и едниот и другиот Божиќ, како и сите други католички и православни празници, а се чини дека сите тие прослави и тоа како им годат.
Не е тајна и дека Ана честопати сама ја приготвува божиќната трпеза, па затоа важи за добра домаќинка.
Ана Ивановиќ за новиот бизнис, за семејството: Поради ова е многу горда! (ФОТО)