Инвестицијата на Алказар Енерџи ќе биде објавена утре од страна на Даниел Калдерон, ко-основач и управувачки партнер на Алказар Енерџи, како и од самиот Мицкоски и министерката за енергетика Сања Божиновска.
„Инвестицијата на Алказар Енерџи во овој проект е вредна над 500 милиони долари и развојот на овој проект ќе донесе големи придобивки за економијата, бизнис заедницата и граѓаните“, се вели во најавата.На настанот свое обраќање ќе имаат Даниел Калдерон, ко-основач и управувачки партнер на Алказар Енерџи, Христијан Мицкоски, Претседател на Владата на Република Северна Македонија и Сања Божиновска, Министерка за енергетика, рударство и минерални суровини.
Инвестицијата на Алказар Енерџи во овој проект е вредна над 500 милиони долари и развојот на овој проект ќе донесе големи придобивки за економијата, бизнис заедницата и граѓаните.Според проектот,70 столба на ветерници треба да имаат вкупна моќност од 335 мегавати, но ќе треба добро да се испланира и балансирањето на производството, бидејќи ветерните паркови не испорачуваат постојано струја.