Александра Пријовиќ неодамна премиерно ја претстави својата нова, многу пократка фризура. Во оваа прилика таа ја стилизираше косата со залижување наназад, а вториот концерт во Тузла го отвори во предизвикувачки аутфит.
Црниот светкав и полупроѕирен мини фустан од тантела и монистра одлично ѝ прилегаше на телото, а Прија ја изненади публиката со досега невидено деколте. По концертот Александра објави видео, на кое може да се види како се подготвува за отворањето на концертот, но и жешката атмосфера која ја направи. Пејачката со својот изглед неодоливо потсетува на Цеца Ражнатовиќ од нејзиниот прв концерт на Ташмајдан во 1993 година.
Погледнете
Поврзани објави