Почетна ТехнологијаДваесет и седми Декември, Владо Јаневски со новогишен концерт во Скопје во спортскиот центар „Јане Сандански”

Дваесет и седми Декември, Владо Јаневски со новогишен концерт во Скопје во спортскиот центар „Јане Сандански”

од nenad
1 минути читај за




Бидејќи 2024та година беше навистина, во вистинската смисла на зборот многу успешна концертна година и за Владо Јаневски и за Авалон, одлучивме да ја заокружиме заедно со навистина убава дружба со македонската музичка легенда, која со својот целокупен хитовски опус изминативе 30 години ја обои нашата Македонија со најубавите можни метафори и епитети.

Термниот е намерно избран за концертот да биде новогодишен и пред сама Нова година, на 27 декември, и Ве покануваме сите, од цела Македонија да се дружиме со песните на Владо Јаневски и неговиот извонреден 8 член бенд во живо! Бидејќи нема сомнеж дека овој настан ќе двои од многубројните, влезниците ќе бидат во продажба уште веднаш, од среда (23 октомври) во 09 часот наутро онлајн нa ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија, по следните цени и категории:
ПАРТЕР – 700 денари
ФАН ПИТ – 990 денари
ТРИБИНА SILVER – 1.000 денари
ТРИБИНА GOLDEN – 1.200 денари
VIP – 1.500 денари