Најмногу ќе го паметиме по легендарната улога во „Тетовирање“
Доајенот на македонското глумиште почина на 77-годишна возраст, потврдија од Драмски театар, а тажната вест ја пренесе на социјалните мрежи и неговиот колега Драган Спасов-Дац.
„Мето Јовановски се пресели во легендите. Нека му е вечна слава“, напиша Дац на својот профил на Фејсбук.
Јовановски ја започнал својата кариера на сцената на Народниот театар во Штип, а по завршувањето на студиите во Театарската академија во Софија, Бугарија, станал дел од анасамблот на Драмски театар – Скопје.
Поврзани објави
Се има појавено во повеќе од 60 филмски и телевизиски проекти, а најмногу запаметен ќе биде по маестралните улоги во „Тетовирање“, „Најдолгиот пат“, „Македонскиот дел од пеколот“, „Црвениот коњ“, „Пред дождот“, „Време води“, „Пресуда“, „Оловната бригада“.
За своите врвни актерски остварувања во сферата на театарот и филмот ги има добиено највисоките државни награди „Свети Климент Охридски“, „11 Октомври“ и „13 Ноември“.
Во продолжение се потсетуваме на легендарната сцена од култниот македонски филм „Тетовирање“ во режија на Столе Попов и со Мето Јовановски во главната улога.