Пејачката повторно ја разжешти јавноста со смел стајлинг и самоуверена поза
Пејачката Анѓела Игњатовиќ Бресквица повторно успеа да го привлече вниманието на јавноста со нова фотографија објавена на социјалните мрежи. Таа позираше во целосно проѕирна блуза, со што градите беа во прв план, а објавата за кратко време предизвика лавина реакции.
Освен провокативниот избор на облека, вниманието го привлече и нејзиното затегнато тело, како и тетоважата во форма на скорпија, која јасно се истакнуваше. Косата ѝ беше собрана во елегантна пунџа, додека стајлингот го надополни со впечатлив и скап накит околу вратот.
Ова не е првпат Бресквица да ги интригира своите следбеници со смели и жешки фотографии. Пејачката е позната по тоа што често експериментира со модата и без двоумење го истакнува својот изглед, што редовно станува тема на коментари.
Поврзани објави
Неодамна таа престојуваше во Париз, од каде речиси секојдневно објавуваше фотографии, а една од нив особено ги „запали“ социјалните мрежи. Со новата објава, Бресквица уште еднаш потврди дека знае како да остане во центарот на вниманието.
Printscreen/Youtube – blic – breskvica