Вербален судир меѓу членовите на жирито ја одбележа емисијата и предизвика смеа во студиото
Во музичкото натпреварување „Пинкови ѕвезди“ дојде до жестока, но и духовита расправија меѓу пејачките Виолета Вики Милјковиќ и Јелена Карлеуша. Сè започна по настапот на една натпреварувачка, кога членовите на жирито се најдоа во мала расправија околу тоа кој прв ќе даде коментар. Иако прва се јави, Вики одлучи да ѝ го отстапи зборот на Зорица Брунцлик, што наизглед изгледаше како гест на колегијалност.
Сепак, Брунцлик веднаш возврати во свој препознатлив стил, нагласувајќи дека таа не добива збор, туку го препушта. Оваа размена предизвика реакции и шеги кај останатите членови на жирито, а Вики низ смеа прокоментира дека кај Зорица секогаш мора да се биде подготвен на директен одговор.
Поврзани објави
Во обид да ја смири ситуацијата, Карлеуша се вклучи со споредба дека Зорица на свој специфичен начин покажува наклонетост, слично како детска симпатија. Тоа дополнително ја инспирираше Вики за саркастична забелешка, алудирајќи дека не секоја грубост може да се нарече љубов, користејќи пример од цртан филм.
Токму тука следеше најостриот момент, кога Вики истакна дека „потребен е малку поголем коефициент на интелигенција за да се сфати“ шегата. Карлеуша иронично возврати дека ќе се насмее, но со граница, а разговорот заврши со уште една духовита размена за тоа какви цртани филмови гледаат, што предизвика смеа во целото студио.
printskrin youtube – k1 tv – karleusa