Некогашниот женски миленик Брендан Фрејзер бил силуван од новинар
Актерот Брендан Фрејзер во 1990-тите важеше за еден од најголемите холивудски заводници, а се прослави во филмовите „Џорџ од џунглата“ и „Мумија“. Неговиот заштитен знак некогаш беа извајаните стомачни мускули, а откако се повлече од јавноста, почна нагло да се дебелее, стигнувајќи речиси до 200 килограми.
Меѓутоа, вишокот килограми не биле случајност, туку актерот открил дека доживеал голема траума кога бил силуван од страна на новинар.
Имено, актерот пред неколку години јавно откри дека во 2003 година бил сексуално злоупотребуван од тогашниот претседател на Hollywood Foreign Press Association, Филип Берк, и потврди дека тоа била главната причина за неговото повлекување.
Поради овој инцидент, Фрејзер паднал во депресија. Наводно, Берк се обидел да го силува и успеал во тоа, а актерот потоа плачел како дете. За жал, никој не му поверувал, а некогашниот претседател на HFPA сето тоа го демантирал.
„Неговата лева рака посегнува, ме зграбува за задникот, а еден од неговите прсти доаѓа до средината. Почнува да го движи“, се присетил Фрејзер.
„Се чувствував лошо. Се чувствував како мало дете. Чувствував како да имам грутка во грлото. Мислев дека ќе заплачам“, раскажал тогаш актерот.
„Не знам дали моето признание предизвика немилост кај групацијата HFPA. Но тишината беше застрашувачка“, рекол Фрејзер.
„Кога за време на вашата кариера телефонот престанува да ѕвони, почнувате да се прашувате зошто. Постојат многу причини, но дали ова беше една од нив? Мислам дека да“, објаснил актерот во 2018 година, истакнувајќи дека бил на црната листа во Холивуд.
Поврзани објави
Покрај сето тоа, актерот имал големи здравствени проблеми и завршил во болница, каде што имал повеќе операции. Неговото лекување траело седум години. Франшизата „Мумија“ си го зела данокот поради нехуманите услови на снимањата, што само ги влошило постоечките проблеми.
Исто така, во 2007 година поминал низ тежок развод од сопругата Афтон Смит, кој бил официјализиран во 2008 година, меѓутоа во 2013 година, Фрејзер замолил да му се намали алиментацијата од 900.000 долари годишно, бидејќи веќе не заработувал толку многу поради намалениот обем на работа.
Сепак, Фрејзер не изгубил верба во љубовта, па си ја пронашол среќата покрај девојка му Џиен Мур, која му е најголема поддршка и која го натерала да си го среди животот, а најмногу килограмите, кои влијаеле врз неговото здравје.
Се чини дека љубовната врска со Џиен многу му годи, со оглед на тоа што актерот почнал да работи на себе и сега изгледа многу подобро и посреќно.
ФОТО: Принтскрин Инстаграм @brendan_fraser