Почетна Убавина и здравјеНина Бадриќ жртва на измама, горко одговори на Инстаграм! – Убавина и здравје

Нина Бадриќ жртва на измама, горко одговори на Инстаграм! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Хрватската пејачка Нина Бадриќ ги предупреди своите следбеници за измама која кружи низ интернет просторот.

На својата инстаграм-сторија, музичката ѕвезда објави преписка со нејзина обожавателка, која ѝ посочила дека постои наводно интервју во кое Бадриќ тврди дека ослабнала со некаков препарат за слабеење.


Поврзани објави

„Драга Нина, те поздравувам. Кружи видео во кое даваш интервју и велиш дека си ослабнала со помош на некаков кето прав. Ако сакаш да ми одговориш, дали тоа видео е монтажа? Затоа што во него ги нарекуваш идиоти луѓето кои не вежбаат“, ѝ напишала жената.

„Верувам дека сте доволно паметни да процените кои вести се лажни. Ако не сте го виделе тој производ на мојот официјален профил, тогаш веројатно треба да ви е јасно дека јас не стојам зад тоа“, ѝ одговори Бадриќ.

 

Фото: Инстаграм Принтскрин https://www.instagram.com/p/DDmz7K4CCCn/?hl=en