Министерот додаде дека измените на Законот за култура, кои се неопходни за Министерството за култура и туризам да добие надлежност над локалните и градски установи како Универзалната сала, веќе се во собраниска процедура.
– Јас лично сум посветен на овој процес и најголем дел од времето го посветувам на решавање на проблемите што го попречуваат. Неколку работни групи се на терен и активно се трудат да го забрзаат процесот – изјави Љутков. Министерот додаде дека измените на Законот за култура, кои се неопходни за Министерството за култура и туризам да добие надлежност над локалните и градски установи како Универзалната сала, веќе се во собраниска процедура.
– Се надевам дека до крајот на месецов законот ќе биде изгласан во Собранието, што ќе овозможи непречено да продолжиме со реконструкцијата – посочи Љутков. Осврнувајќи се на административните бариери, Љутков објасни дека постојат „три до четири клучни точки“ што го забавуваат процесот, но истакна дека се работи на нивно надминување.
– Верувајте, работиме многу брзо и посветено. Но, некои административни задачи сепак бараат време за да се решат – додаде тој. Во врска со рокот за завршување на реконструкцијата пред локалните избори, Љутков изрази надеж дека постапката ќе биде завршена навреме. – Тендерите се веќе распишани, така што очекуваме наскоро да го започнеме извршувањето – заклучи министерот.