Со нетрпение чекаме да видиме што ќе облече Меланија Трамп за инаугурацијата на Доналд Трамп
Доналд Трамп денес дава заклетва во срцето на Вашингтон, со што ќе стане 47. врховен командант на САД.
Покрај него ќе биде и неговата сопруга Меланија Трамп, но и милијардерите Илон Маск, Џеф Безос и Марк Закерберг.
Вечерта пред заклетвата се одржала приватна забава по повод инаугурацијата. Во таа пригода, се појавило целото семејство на Доналд Трамп, на чело со Иванка Трамп.
Иванка носела бел, светкав фустан на Оскар де ла Рента. Се зборува дека фустанот бил направен по мерка, за да ја следи линијата на ќерката на американскиот претседател.
Поврзани објави
На забавата Иванка се дружела со Џеф Безос и Илан Маск, додека срдечно се поздравила и со Лорен Санчез, свршеницата на Џеф Безос.
Доналд Трамп ветил дека нема да губи време и дека уште на првиот работен ден како претседател на САД ќе потпише околу 100 извршни налози.
Покрај Доналд стоела и Меланија Трамп, која за оваа пригода облекла светкаво темносино здолниште, бела кошула и палто-наметка кое совршено ѝ прилегало на нејзината става.
ФОТО: Принтскрин Инстаграм / ivankatrump, celebstyletalk