Почетна Убавина и здравје„Родена сум во погрешна генерација, цел живот сум стара душа“ – Убавина и здравје

„Родена сум во погрешна генерација, цел живот сум стара душа“ – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Девојката на Ал Пачино, 30-годишната Нур Алфала, за првпат позира со синот кој го има со глумецот Ал Пачино, Роман, кој се роди минатото лето. Партнерката на 84-годишниот американски актер со италијанско потекло, позираше со малиот Роман за арапскиот Вог и во интервјуто изјави дека детето на Ал Пачино е нејзин најголем подарок во животот.

Нур Алфала е продуцентка, и магистрирала филмска продукција. Таа неодамна го прикажа својот прв филм насловен Мала смрт. Истиот премиерно беше прикажан на Санденс фестивалот, а сега планира да го промовира и на Канскиот филмски фестивал.

Додека Ал Пачино работи на снимање на нов филм, Алфала се грижи за нивниот син Роман. Таа живее со бебето во новата луксузна вила која ја купиле со актерот, и се обидува да ја балансира меѓу грижата за него и секојдневните работни обврски.

Нур раскажа како успеала да се зближи со Ал Пачино и како успеале да станат повеќе од пријатели. Двојката првпат се сретна на хуманитарен настан- вечера пред неколку години и разговарале цела вечер. „Помислив дека е „кул“. Мислев, леле, ова е Ал Пачино! Одев во филмско училиште, па добро знаев кој е тој. Тој е уникатна и многу талентирана личност. Но, немав поим дека еден ден тој ќе стане татко на мојот син“. Таа вечер не размениле телефонски броеви и случајно се сретнале дури една година подоцна.

Потоа почна пандемијата“, се сеќава Алфала. „Ал живееше на следната улица од мојата куќа и почнавме да го поминуваме секој ден заедно, играјќи шах и гледајќи филмови. Беше како филмско училиште со Ал Пачино“.

За нивното пријателство, таа вели: „Мислам дека тоа стана нешто повеќе“.

Многу обожаватели на глумецот се загрижени за значајната разлика во возраста меѓу двајцата. Алфала истакна дека се чувствува удобно во друштво на зрели луѓе, па нивната разлика со Ал Пачино од цели 54 години никако не ѝ пречи.

Родена сум во погрешна генерација“, вели Нур. „Цел живот сум стара душа. Имам пријатели кои имаат 70 години; мажи и жени кои едноставно ми се допаѓаат, со кои едноставно претпочитам да комуницирам и со кои комуникацијата ми е многу подобра отколку со луѓе на моја возраст. Отсекогаш сум била таква. Не знам зошто. Мислам дека ми се допаѓа мудроста, искуството, животот во нив. Тоа ме привлекува.”, искрена е Нур.