Почетна Убавина и здравјеРада Манојловиќ влезе во петтата деценија и не се грижи за годините – важно ѝ е само едно

Рада Манојловиќ влезе во петтата деценија и не се грижи за годините – важно ѝ е само едно

од nenad
1 минути читај за

Пејачката откри како гледа на стареењето и зошто изгледот ѝ е поважен од бројката

Пејачката Рада Манојловиќ годинава го прослави својот 40. роденден и официјално влезе во петтата деценија, но признава дека годините не ѝ се приоритет. Како што вели, единствено што ѝ е важно е изгледот и чувството дека сè уште изгледа младо.

Иако многумина се плашат од стареењето, Рада истакнува дека со годините се носи лесно, токму поради својот младолик изглед.

Мене ми е важен изгледот, не годините. Реално, не би се бунела да имам помалку, бидејќи 40 веќе не е малку – поминал си две третини“, изјави таа искрено, додавајќи дека не сака да се залажува.

Поврзани објави

Пејачката нагласи дека не се плаши од минливоста на времето, бидејќи, како што вели, нема ни време да размислува за тоа.

Само сакам засекогаш да бидам убава и да изгледам младо, а годините си одат. Не треба негативно да се размислува, иако сите знаеме каде води сето тоа“, порача таа.

Инаку, Рада наскоро планира и свадба. Нејзиниот партнер, Владимир Ранковиќ, е разведен и има две деца, а љубовта меѓу нив се родила кога тој започнал да работи како нејзин возач. Според извори блиски до двојката, Владимир е познат како чесен и одговорен човек, посветен татко и личност на која секогаш може да се потпре.

 printscreen instagram/radamanojlovic