Почетна Убавина и здравјеПоради трагедијата во Загреб, одложени концертите на Јелена Розга во Сава Центар

Поради трагедијата во Загреб, одложени концертите на Јелена Розга во Сава Центар

од nenad
1 минути читај за



Поради трагедијата што го погоди денеска Загреб, во која животот го загуби еден малолетник, а неколкумина други се повредени, Јелена Розга и организаторот Скајмјузик донесоа заедничка одлука да ги одложат концертите на Јелена во Сава центарот закажани за 20 и 21 декември.

Новите датуми на концертот се 16 и 17 јануари 2025 година, а влезниците купени за 20 декември ќе важат за 16 јануари, додека билетите купени за 21 декември важат за 17 јануари.

Со голема тага и неверување ја примивме веста за трагедијата што го погоди Загреб. Во момент кога е најважно да покажеме хуманост, сочувство и солидарност кон оние кои минуваат низ незамислива болка, донесовме заедничка одлука да ги одложиме концертите закажани за 20 и 21 декември“, стои во дел од соопштенитето, па се додава:

„Нашите мисли и срца се со семејството на детето кое го загуби животот во овој трагичен настан, како и со сите повредени и нивните семејства. Во овие тешки моменти сакаме да го изразиме нашето најдлабоко сочувство и поддршка“ – се истакнува во заедничкото соопштение.


Поврзани објави

Фото: printskrin Youtube/Blic TV
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: