Почетна Убавина и здравјеЗошто Бијонсе и Џеј Зи никогаш не го покажуваат својот син? Јавноста се сомнева дека нешто не е во ред со детето!

Зошто Бијонсе и Џеј Зи никогаш не го покажуваат својот син? Јавноста се сомнева дека нешто не е во ред со детето!

од nenad
1 минути читај за

Џеј Зи дошол на Супербол со ќерките, а социјалните мрежи беа преплавени со прашањето: „каде е син му?“

Џеј Зи дошол на Супербол во придружба на ќерките Блу Ајви и Руми и во таа пригода се фотографирале заедно, додека Бијонсе останала дома да слави за наградата „Греми“.

Сепак, медиумите моментално се преплавени со прашањата „каде е син му“, „зошто никогаш не го покажуваат синот“, „што се случува со момчето“…

Додека постарата ќерка Блу Ајви секаде се појавува со мајка ѝ и татко ѝ, дури и премногу се експонира како за 13-годишно девојче, нејзиниот помал брат како да пропаднал во земја.

Дури и неговата сестра близначка Руми се појавува со Бијонсе на турнеите, но и на јавните настани, само него никаде го нема.


Поврзани објави

Мајката на Бијонсе, Тина Ноулс, во една пригода открила неколку детали за својот внук:

„Тој е повлечен, сака работи со бројки, но не и мода, тој е многу, многу паметен“.

Бијонсе го нарекла својот бренд на виски SirDavis во чест на синот, а Џеј Зи во 2017 објаснил како ги одбрале имињата за близнаците:

„Руми е нашиот омилен поет, па така ја крстивме ќерка ни, а синот е вистински господин (Сер Картер)“.

ФОТО: Инстаграм