Големата Коко Шанел сметала дека постои едно нешто што ја надополнува жената и ја прави икона
Габриел Коко Шанел, модна икона и револуционерка на стилот, му оставила на светот бројни мудрости за елеганцијата, женственоста и начинот на кој жените би требало да се облекуваат и однесуваат. Една од нејзините најпознати изреки се однесува на единственото нешто што може да ја претвори жената во вистинска икона.
Познатата изрека „Жена без парфем е жена без иднина“ можеби звучи како смела изјава, но крие суштинска вистина за важноста на мирисот во обликувањето на личниот стил.
Во светот на модата, парфемот е многу повеќе од завршен додаток – тој е продолжение на личноста. Коко Шанел верувала дека парфемот е тој што ја заокружува целосната појава, давајќи ѝ на жената незаборавен и единствен печат. Исто како што внимателно ги одбираме облеката, чевлите и модните додатоци, така и мирисот што го носиме ја одразува нашата внатрешна сила, сензуалност и елеганција.
Ова се надоврзува на уште една нејзина изрека: „За да бидеш незаменлив, секогаш мора да бидеш различен“, а таа различност се огледува во изборот на парфем што најдобро ќе ви стои.
Секој парфем мириса различно и предизвикува различно чувство во зависност од личноста, дури и кога различни луѓе носат ист парфем. Без парфем, навистина не постои можност да се биде различен. Без парфем, настанува празнина во целиот изглед, како нешто да недостасува.
Парфемот, како што верувала Шанел, не е само производ за убавина, туку е дел од идентитетот. Неговата моќ лежи во тоа што може да евоцира емоции, сеќавања и да остави траен впечаток кај другите.
Поврзани објави
Коко Шанел оваа идеја ја применила во својот најпознат парфем Chanel No. 5, што го создала со желба да им овозможи на жените да ја изразат својата индивидуалност на суптилен, но забележлив начин. Така, носењето парфем станува чин на самодоверба, бидејќи мирисот останува со вас, дури и кога зборовите ќе избледат.
Парфемот е едно од ретките модни „парчиња“ што не може да се види, но и тоа како може да се почувствува. Како што вели Коко Шанел, жената која носи парфем го збогатува својот стил со нешто што трае и по нејзиното присуство.
Преку парфемот, жената станува незаборавна и навистина остава трага. Нејзината изрека нè потсетува колку е важно да му се посвети внимание на секој детаљ од стилот, бидејќи елеганцијата не ја сочинува само она што е видливо, туку и она што се чувствува.
Габриел Коко Шанел со своите зборови инспирирала генерации жени да го прифатат парфемот како есенцијален дел од своето секојдневје – како завршен допир на елеганција и луксуз, кој на секоја жена ѝ дава иднина полна со стил и самодоверба.
ФОТО: Пинтрест, Инстаграм