Познатиот црногорски инфлуенсер Јован Радуловиќ попознат како Јоџир ги шокираше своите обожаватели со објава на Инстаграм. Сопругата и тој ги налутија корисниците објавувајќи шокантно видео.
Имено, брачната двојка наишла на кучиња во незгодна ситуација, за време на парење, што им било смешно, па ги снимиле.
Јован почна да ги дресира кучињата. Погледнете како ги учи – во заднина се слуша неговата сопруга, додека тој се смее и додава: „Само пет минути разговарав со него“.
Видеото почна да кружи на Интернет, а една корисничка го сподели и изрази голем гнев поради таквиот чин со описот:
Како „јавните личности“ ја подигнуваат свеста за напуштените кучиња – еве како! Додека ние се мачиме како да ги нахраниме, како да собереме средства за пансионите, како да ги излечиме кученцата од глисти и беснило, како да ја прекинеме серијата злоставувања на животните – се случува ова… И некако сум тажна. Затоа што овие луѓе на социјалните мрежи барем ме асоцираа на семејство. И сега некако сè падна во вода.
Секако, ова наиде на негативни коментари и револт кај другите корисници кои ги прозваа Јоџир и неговиот тим.
Кои се овие?“, „ова е срамота, блам“, „би било убаво да вдомат некое од нив“ – беа дел од бројните коментари.
Фото и видео: Инстаграм