Сопругот на Лепа Брена е сослушан бидејќи се најде во центарот на скандалот заради измама.
Слободан Боба Живојиновиќ, сопруг на пејачката Лепа Брена, се најде среде скандал откако беше откриено дека наводно двапати ја продавал својата јахта „Першинг 54“, изградена во 1999 година. Според документите што пристигнале на адресата на порталот „Република.рс“, Живојиновиќ го склучил купопродажниот договор со две различни страни – првпат во март годинава, а потоа повторно три месеци подоцна.
Со оглед на тоа дека се работи за тешка проневера, случајот го презедоа Управата за криминалистичка полиција и Третото основно јавно обвинителство во Белград, а Боба Живојиновиќ вчера беше на распит.
Имено, репортерот на Република.рс се нашол на самото место, а по неколку часа поминати во зградата на Третото обвинителство, сопругот на Лепа Брена ја напуштил зградата во придружба на својот адвокат.
Поврзани објави
Како што дознава Курир.рс, тој и Н.Р. се обвинети дека двапати продале ист брод и зеле по 300.000 евра, односно вкупно 600.000 евра.
Измамата била направена на штета на Слободан Живојиновиќ, сопругот на познатата пејачка Лепа Брена, пренесува гореспоменатиот медиум. Според истрагата, дотичниот го сторил делото со лажно прикажување на договорот за купопродажба на пловилото што го продал за сума од околу 350.000 евра. Истрагата утврдила дека документацијата била фалсификувана за фактичките права над пловилото, што ја овозможило оваа измама.
Боба Живојиновиќ e сослушан, а изворот на Курир.рс додава дека е извршен распит и на уште еден осомничен, кој се товари за помагање во споменатото кривично дело.
Извор: Свет.рс
Фото: Instagram (@lepabrenaa)