Најголемо количество дожд до 17 часот денеска е забележано во Пожаране и Ѓуриште, каде што наврнале 24 литри на метар квадратен, додека најмалку, само три литри на единица површина, паднале во Берово.
Најниска температура е регистрирана на Попова Шапка, во Маврови Анови и Лазарополе, каде се измерени еден степен целзиусов, додека највисоки 12 степени се забележани во Струмица.
Во 17:30 часот, измерени се 3 степени во Крушево, 7 во Скопје – Зајчев Рид, Прилеп, Тетово и Охрид, 8 во Берово, Крива Паланка, Битола, Штип, Велес и Кавадарци, 9 во Претор, Виница и Демир Капија, 10 во Скопје – Петровец, како и 11 степени во Гевгелија.
Во текот на изминатите 9 часа, до 17 часот денеска, наврнале 22 литра дожд на метар квадратен во Тетово и на Попова Шапка, 21 во Битола, 20 во Маврови Анови и Демир Капија, 18 во Гевгелија, 15 во Крушево, 14 во Велес, 12 во Претор и Штип, 10 во Лазарополе, 9 во Скопје – Зајчев рид и Крива Паланка, 8 во Охрид, 6 во Скопје – Петровец и Прилеп, како и 5 литри на метар квадратен во Струмица.
Според УХМР, до крајот на денот се очекуваат пообилни врнежи од дожд, а на планините дождот ќе премине во снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.