Еден израелски полицаец е убиен денеска од вооружен напаѓач во напад окарактеризиран како терористички во близина на градот Ашдод на југот на Израел, а уште четири лица се ранети, соопшти полицијата.
Во соопштението се наведува дека напаѓачот бил убиен за време на напад на автопатот што ги поврзува Ашдод и Тел Авив, објави „Тајмс оф Израел“.
„Терористот рани пет лица, меѓу кои и еден полицаец кој беше тешко повреден и подоцна почина“, изјави портпаролот на полицијата.
Портпаролот изјавил дека напаѓачот дошол пеш до автопатот и прво ранил полицаец, а потоа уште четири лица.
Полесно е повреден лекар кој го запрел својот автомобил за да им помогне на повредените кога во него удрил друг автомобил. рп/Фото: ЕПА .
Извор: МИА