Почетна ЕкономијаПоголема фреквенција на возила надвор од град, на Табановце за влез се чека еден час

Поголема фреквенција на возила надвор од град, на Табановце за влез се чека еден час

од nenad
1 минути читај за

Движењето на возила на магистралните патишта се одвива тековно, по патишта без влага.

Забележано е погусто движење на автомобили на патиштата вон урбаните зони.

„Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу еден час, на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.“

АМСМ советува приспособена брзина, придржување кон поставените сообраќајни знаци и внимателно управување со возилата, особено на делниците низ долините, речните корита и тесните премини, каде постои веројатност од појава на одрони.

Ова особено важи за делниците: „Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.“

aa/Фото: МИА архива.

Извор: МИА