Table of Contents
Јапонците го третираат чистењето на домот како ритуал, а нивниот пристап се базира на практичност, минимализам и филозофија на хармонија
Јапонците честопати му пристапуваат на чистењето со благодарност кон просторот што им дава засолниште. Така чистењето станува медитативен чин, а не само обврска.
Клучните карактеристики на јапонското чистење ги вклучуваат следниве чекори…
1. Ослободување од вишокот
Пред да почнат да чистат, Јапонците најчесто се ослободуваат од непотребните работи. Инспирирани од методот на Мари Кондо, тие ги задржуваат само работите што им носат радост (концептот наречен spark joy). Со елиминацијата на вишокот, просторот станува пофункционален и полесен за одржување.
2. Минимализмот како начин на живот
Јапонските куќи претежно се минималистички, со малку мебел и украси. Тоа го намалува насобирањето прашина и го олеснува чистењето. Нивниот фокус е на практичноста и функционалноста на работите.
Поврзани објави
3. Користат природни материјали и средства
За чистење најчесто користат природни производи, како оцет, сода бикарбона и вода. Користат крпи за повеќекратна употреба (како што се традиционалните крпи тенугуи), наместо хартиени марамчиња.
4. Редовно одржување
Наместо интензивно да чистат еднаш месечно, Јапонците редовно чистат за да го спречат насобирањето прашина. Секојдневно ги бришат подовите и површините, поради што темелното чистење ретко кога е потребно.
5. Темелно чистење „oosouji“ за Нова година
Еден од најважните обичаи во Јапонија е oosouji (големо чистење) кон крајот на декември, со кој се отстранува старата енергија од домот и се подготвува просторот за свеж почеток.
ФОТО: Renkilde Copenhagen / Pixabay