Table of Contents
Кога добро ќе се разлади во фрижидер, овој колач е освежителен како сладолед
Чоколадните коцки со гриз се едноставен колач со извонреден вкус, кој сигурно ќе ви се допадне, бидејќи идеален е за топлите денови.
Состојки:
- 4 јајца
- 200 г шеќер
- 6 лажици брашно
- 200 г чоколадо за готвење
- 750 мл млеко
- 2 кесички ванилин шеќер
- 200 г гриз
- 100 г маргарин
- 2 лажици шеќер во прав
Приготвување:
Изматете јајца со 100 г шеќер, додајте брашно и стопени 100 г чоколадо. Измешајте и печете 15 минути на 190 степени. Кога ќе се олади, поделете го на 2 дела.
Поврзани објави
Измешајте го маргаринот со шеќерот во прав. Сварете го гризот во млеко, додајте шеќер и ванилин шеќер по вкус.
Оставете го да се олади, па додавајте го лажица по лажица во изматениот маргарин. Добро изматете со миксер и изедначете за да добиете кремливо пенест крем.
На едната половина од тортата ставете крем од гриз, па покријте го со другата половина и добро притиснете. Растопете чоколадо и прелејте го колачот.
Оставете до 2-3 часа да се олади во фрижидер, па исечете го на коцки.