Почетна Економија„Пивтијада“: Традиционална манифестација во скопска Автокоманда

„Пивтијада“: Традиционална манифестација во скопска Автокоманда

од nenad
1 минути читај за

Годишната манифестација „Пивтијада“ овојпат ќе се одржи на плоштадот во населбата Автокоманда, сместена во општина Гази Баба.

Со својот хуманитарен, натпреварувачки и рекреативен дух, „Пивтијадата“ повторно ги спојува граѓаните во обележување на солидарноста и народните обичаи.

Предвидена е продажба на пивтии, а сите прибрани средства ќе бидат наменети за Клиниката за детски болести.

“Повик до сите граѓани – дојдете да бидеме хумани, да се дружиме и да уживаме со убава музика!”, стои во објавата на градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, на социјалната мрежа Фејсбук.

Во рамките на натпреварувачкиот дел, ќе бидат избрани пивтиите со најдобра декорација. По оценувањето од страна на стручна комисија, првите три најдобри дела ќе добијат признанија.

Забавниот дел од програмата ќе ги вклучува настапите на Миле Кузмановски, Давид Темелков, Даниела Темелковска и Ансамблот „Јонче Христовски“.

Подготвиле: мд/лв. Фотографија: Фејсбук профилот на градоначалникот Стефковски.
Извор: МИА