Пејачката учествуваше на големата геј парада во САД и сподели фотографии од настанот.
Марија Шерифовиќ, единствената српска победничка на Евровизија, беше забележана на геј парадата во Лос Анџелес, каде што моментално престојува. Таа сподели снимки на Instagram, прикажувајќи ја шарената атмосфера, музиката и бројните знамиња во боите на виножитото, симбол на ЛГБТ заедницата.
Со оваа објава, Шерифовиќ уште еднаш ја потврди својата поддршка за правата на ЛГБТ заедницата и нејзината отвореност кон јавноста. Претходно, таа зборуваше за важноста на прифаќањето и слободата на избор.
Фановите ја поздравија нејзината храброст и искреност, изразувајќи поддршка преку бројни коментари и лајкови на социјалните мрежи.
Поврзани објави
Настанот во Лос Анџелес привлече големо внимание, а присуството на познати личности како Шерифовиќ дополнително го истакна значењето на парадата за видливоста и прифаќањето на ЛГБТ заедницата.
Сепак Шерифовиќ не откри со кого заминала на парадата и дали воопшто некој и правел друштво.
Фото: Printscreen Instagram