Пејачката за првпат јавно проговори за врска која завршила поради религиозни разлики, но откри и колку ја чинел нејзиниот најличен музички проект.
Тамара Тодевска во поткастот „Полиграф“ отворено зборуваше за љубовта, приватниот живот и новиот визуелен албум „Кукла жива“.
Едно од најдиректните прашања се однесуваше на нејзина поранешна љубовна врска. Тамара потврди дека таа завршила поради религиозни причини, но не сакаше да открива детали бидејќи, како што објасни, во приказната има и други луѓе.
Пејачката нагласи дека за неа верата и националноста никогаш не биле пречка кога станува збор за љубовта. Според неа, кога постои вистинска љубов, многу пречки можат да се надминат.
Во разговорот откри и дека во новиот албум вложила околу 120.000 евра. „Кукла жива“ го смета за најискрениот проект што го направила досега, бидејќи во него, како што вели, дала голем дел од себе.
Поврзани објави
Особено емотивно било снимањето на спотот за песната „Гориш“. Сергеј Варошлија ѝ кажал нешто што силно ја погодило и ја расплакало, токму во моментот кога од неа се барала најсилната емоција.
Спотот бил снимен во само два или три обиди, бидејќи е замислен како една непрекината сцена. Тамара смета дека токму таа искреност придонела видеото да ја има емоцијата што ја посакувале.
„Кукла жива“ беше промовиран на 3 септември во Скопје и содржи 10 песни и 10 визуелни приказни. На проектот работеле и Коста Петров и Џијан Емин, а музиката е снимена со живи инструменти и хор.
За Тодевска, албумот е своевиден пресек на различни периоди од нејзиниот живот и 25-годишната кариера – но пред сè, проект во кој решила да биде целосно искрена.
Screenshot Instagram